Министерски совет на ЕУ за Македонија и Албанија во Луксембург

Денес министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург ќе разговараат за напредокот на земјите од Западниот Балкан и проширувањето. Меѓу другото министрите треба да решат дали и кога Северна Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ, како што во своите извештаи препорача Европската комисија на 29 мај. Досега не е постигнат консензус помеѓу земјите членки за заклучоците на овој состанок. Одлуката што ќе ја донесат министрите денес потоа ќе треба да биде потврдена од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ на Европскиот совет на 20 и 21 јуни во Брисел.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.