Мира Шкориќ водеше тешка битка со опасната болест, а сега одлучи да прозбори низ што поминала.
-Не сакам да размислувам за себе кога сум болна личност, едноставно одам понатаму, живеам и пеам искрено, вели пејачката.
Мира четири пати беше оперирана од канцер и ќе им се придружи на луѓето кои ќе ти тужат членките на НАТО кои во 1999 година ја бомбардираа Србија.
-Секако дека треба да се тужи. И не само да ги тужиме туку за уши да ги влечеме кај нас во болница на онкологија каде што лежат деца. Тоа е страшно. Вие не знаете колку тие деца се убави и паметни, вели пејачката која пред концертот примаше витаминска терапија.
-Јас сум борец. Не сакам да ме сожалуваат и да зборувам за таа болест како одредни јавни личности. Меѓутоа, морам да признам дека ме болеа насловите во медиумите дека сум се повлекла и не сум сакала да пејам. Јас сум пример за личност која не се грижи за здравјето. Кај докторот дојдов предоцна. Кога и да се сетам, не ми е добро, вели Мира и додава:
„Точно е дека ме оперираа четири пати. За тоа никогаш не зборував, но сега се одлучив да проговорам за да ја разбудам свеста кај другите луѓе да не ја повторат мојата грешка“.