Веќе добро знаете дека Мирослав Илиќ оваа година прославува 50 години од својата кариера и тоа со големи концерти ширум регионот. После преполната Белградска арена, како и салата „Спенс“ во Нови Сад, на ред дојде и Скопје, односно арена „Борис Трајковски“ каде што Мирослав Илиќ на 18-ти овој месец, ќе одржи спектакуларен концерт.
Овој концерт ќе биде вистинско уживање за љубителите на народната музика кои ќе имаат можност да уживаат во многубројните песни кои важат за евергрини. Мирослав во Скопје славеше и 45 години од неговата кариера, пред пет години, а пак пред девет години во Скопје одржа заеднички концерт со Адил.
Честопати во интервјуа раскажува дека во Скопје студирал на Електротехничкиот факултет и имал убави спомени од тие времиња. Неодамна, Мирослав Илиќ беше во посета на Скопје, а за естрадниот магазин „Бекстејџ“ изјави:
„Животно сум поврзан со Македонија, тука живеев 4 години и многу ја сакам оваа земја. На 18-ти март ќе направам се за сите оние кои ќе дојдат заедно да ја споделиме мојата радост. Ви ветувам дека нема да се покаете“.
Гостин на концертот ќе биде Сале Певац, а веднаш потоа Мирослав ќе застане на големата сцена.
Организаторите од „Balkan Media Production“ истакнаа дека се останати уште мал број карти за концертот, а истите можете да ги најдете преку продажната мрежа на kupikarta.com, Југотон и Розе Веро 2.
Се гледаме на 18-ти март во арена „Борис Трајковски“, дојдете заедно да уживаме во музиката на бардот на народната музика, Мирослав Илиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.