Со недели се шпекулира за развод на омилената холивудска двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек . Иако се обидуваа да ги сокријат своите проблеми, беше многу забележливо дека нивната љубов не цвета.Откако неколку пати беа фотографирани среде жестоки расправии, парот долго време не се појавуваше заедно во јавноста. Како што тврдат извори, за новите проблеми наводно се виновни пороците на актерот. Бен повторно се вратил на пиење и тоа многу и пречело на Џенифер.
Сепак, додека се разговара кога парот официјално ќе објави дека дошло до колапс на љубовта, пред домот на актерот во Лос Анџелес е фотографирана мистериозна девојка. Атрактивната црна жена е видена како лежерно влегува во резиденцијата на Бен, а може да се каже дека изгледа многу жешко. Сепак, она што може да се види од папарацо фотографиите , оваа дама не е ни слична на популарната латино ѕвезда.Која е оваа убавица што го посетува Бен се уште не е познато, но сигурно дека ова знаење нема да и се допадне на Џенифер.