Митови за жената и кариерата

Не верувајте им на предрасудите кои можат да ве попречат да ги остварите вашите амбиции

Мит 1: Мажите и жените се еднакви на работното местоВистина: Иако во последните неколку децении далеку стигнавме, жените денес заработуваат околу 85% од машката плата, дури и кога се на иста позиција во фирмата. Еве како да се изборите со тоа :1. Промовирајте се на работното место. Мажите постајано се фалат за своите постигнувања. Кога жените повеќе би се фалеле, повеќе би ги почитувале како вработени.2. Барајте си го тоа што ви припаѓа и изборете се за “машка” плата.3. Облекувајте се складно за да ве сфатат сериозно4. Не дозволувајте му на никого да помисли дека нема да се вратите на работа само затоа што сте добиле дете. Секогаш борете се за најдобрите проекти. Ако се чувствувате исполнето на работа, поголеми се шансите да сакате да се вратите по бременоста.
Мит 2: Кога ќе добијат деца, жените доброволно си даваат отказВистина : Вистинската причина поради која многу жени ја напуштаат работата одкако ќе станат мајки е тоа што се среќаваат со реалноста дека нивните партнери не се анажираат доволно околу обврските во домот, а шефовите не сакаат да им излезат во пресрет, правејќи промени кои би им овозможиле да продолжат да работат. Жените ја напуштаат работата бидејќи немаат избор. Пред да одлучите да имате деца, размислете добро каков е вашиот шеф и колку навистина можете да се потпрете на помошта од вашиот партнер во домот.
Мит 3: Неговата кариера е поважна од вашатаВистина : Иако низ историјата мажите биле подоминантни, во денешно време се почест случај е жените да се главниот финансиер на семејството. Така да, не поаѓајте од претпоставките дека кога ќе имате деца, треба да го намалите темпото. Истражувањата покажуваат дека жените кои многу работат се поретко депресивни. Освен тоа, вашата кариера му носи сигурност и на вашиот партнер. Ако посака да започне сопствен бизнис, или да ја промени работата, вашите примања би можеле да му овозможат подршка во преодниот период. А ако случајно се случи да ја изгуби работата, ќе му биде мило што вие сеуште ја имате вашата.
извор:lady.mk
Не верувајте им на предрасудите кои можат да ве попречат да ги остварите вашите амбиции

Пронајдете не на следниве мрежи: