Ако сакаме да го извлечеме максимумот од сексуалното доживување, мора најпрво да расчистиме со митовите што владеат во врска со сексот.
Сексологот Аликс Фокс за британскиот весник The Sun ги разби најчестите митови за сексот во кои, за жал, многу луѓе уште веруваат.
Здравата сексуалност е важна за да може да имате целосно уживање и вие и вашите партнери.
МИТ: Мажите помислуваат на секс на секои 7 минути
Овој мит е побиен со бројни истражувања, вели Аликс. Едно од нив е она на Државниот универзитет во Охајо, каде на 283 студенти им биле дадени прекинувачи што требало да ги притиснат секојпат кога ќе помислеле на секс. Резултатите покажале просечниот маж помислува на секс 19 пати во денот, а жените 10 пати.
МИТ: Жените не уживаат во порно филмови
„Леле колку ова не е вистина“, со чудење одговара Аликс.
Според едно истражување што го спроведе списанието Marie Claire на 3.000 испитанички, речиси една третина од жените гледаат порнографски филмови најмалку еднаш неделно, а уште една третина неколку пати месечно. Околу 66 отсто од нив тоа го прават кога се сами, за сопствено уживање и задоволство, а не за да го задоволат партнерот.
МИТ: Големината е важна
Пружањето сексуално задоволство повеќе е поврзано со вештината на мажот, а не со големината на неговиот пенис, објаснува Аликс.
Мажите, пак, треба да покажат ентузијазам и подготвеност да ја слушаат и следат жената во сексуалната игра за да дознаат што таа сака.
Во едно истражување спроведено во Холандија врз 170 жени, три четвртини од нив рекле дека должината и обемот на машкиот полов орган навистина не се важни за добар секс.
Овие резултати се надоврзуваат на истражувањето спроведено на Универзитетот Шефилд врз повеќе од 500.000 луѓе.
Ова истражување покажало дека 85% од жените се задоволни од големината на пенисот на нивните партнери, но 45% од мажите сепак биле загрижени за големината на нивниот полов орган.
МИТ: Само мажите не се природно моногамни
Аликс со жалење констатира дека ова е еден од најопасните митови што ги подгреваат книги што главно ги напишале мажи. Најчесто неможноста да се биде моногамен се „припишува“ на еволуцијата.
Темелните еволуциски теории сугерираат дека мажите сакаат да спијат со што е можно повеќе жени за да се размножуваат, а жените бараат посветени партнери кои ќе им помогнат да ги одгледаат децата. Но, современата наука покажува дека вистинската ситуација е многу посложена и дека и двата пола се подеднакво наклонети кон менување повеќе партнери, вели Аликс.
Сексот одамна не е само средство за размножување, туку чин за уживање, а одгледувањето потомство не е условено од имањето или немањето партнер.