Дали навистина се работи за магичен лек кој го трансформира секој маж во ненаситен секс ѕвер? Дали е безбедна? Колку знаете за најпознатата хемиска комбинација на светот? Постојат толку многу погрешни сфаќања за оваа пилула.
ВИЈАГРАТА Е АФРОДИЗИЈАК И ГО ПОДОБРУВА ЛИБИДОТО
Ова не е точно! Всушност, вијаграта веројатно ќе го зголеми задоволството и ќе ја подобри ерекцијата. Но сепак, лекот е дизајниран исклучиво за да им помогне на лицата со еректилна дисфункција.
ВИЈАГРА РЕЗУЛТИРА СО ЕРЕКЦИЈА
Вијаграта не пружа инстантна ерекција. Стимулацијата е важна за да се стигне до врвот, дури и со овој лек. Постојат мажи на кои и Вијагра не може да им помогне.
ВИЈАГРА МОЖЕ ДА ИЗЛЕЧИ ИМПОТЕНЦИЈА
За жал, не може! Може да третира, но не и да излечи. Како и секој друг лек и за вијагра треба да се консултирате со својот лекар.
ВИЈАГРАТА ИМА НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА
Точно, но тие се ретки и благи. Најчесто станува збор за вртоглавица, главоболка и сл. Ретко може да предизвика мали проблеми со видот, кои вклучуваат сензитивност на светлина, “сина визија” или нешто слично. Доколку дејства продолжат и откако лекот ќе престане да се користи консултирајте се со лекар.
ПОСЛЕ ВИЈАГРА МОРА ДА ИМАТЕ СЕКС ВЕДНАШ
Вијаграта делува веднаш, за 30 минути, а полниот ефект трае и до 4 часа. Па, не мора да брзате.
ВИЈАГРАТА МОЖЕ ДА СОЗДАДЕ ЗАВИСНОСТ
Ова е невистина и не постои научен доказ за истото.
НАЈДОБРО Е ДА СЕ ЗЕМА НА ПРАЗЕН СТОМАК
Точно. Тешката храна може да го ограничи дејството на лекот. Истото важи и за алкохолот. За да уживате во најдобри резултати идеално е да се зема на празен стомак и трезен.
ВИЈАГРАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗЕМА СО ДРУГИ ЛЕКОВИ
Неточно. Вообичаено сосема е безбедно да земате вијагра ако користите други видови на лекови. Сепак, одредени лекови, како оние кои содржат нитрати негативно реагираат со Вијагра. Од оваа причина секогаш соопштете му на вашиот лекар или фармацефт какви лекови земате во моментот.
ВИЈАГРА Е САМО ЗА ПОСТАРИ МАЖИ
Вијаграта се користи за третирање на ерективна нефункционалност. Постојат многу мажи кои се борат со овој проблем, без разлика на нивните години. Препорачлива е за постарите мажи, но не е ограничена само за нив.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.