МИТОВСКИ: Мицкоски ми нарача прашање на прес конференција за да го поздрави Верушевски

Мицкоски на една прес конференција надвор пред штаб кажа „од ова место сакам да поздравам еден голем патриот, еден голем Македонец“. На мое прашање, бидејќи ме замоли кога ќе ја каже оваа реченица да му го поставам прашањето на кого мислел, рече „на Александар Верушевски“, рече Александар Митовски во емисијата Тешки муабети на Инфомакс.

Не е јасно која е релацијата на Мицковски со Верушевски. А се знае дека стариот Верушевски учествуваше во операцијата за рушење на ВМРО од власт и ги „предаде“ прислушуваните разговори на Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.