Митовски на Клан Дебата: Политиката на ВМРО-ДПМНЕ нема врска со десничарство, повеќе наликуваат на социјал-демократи

Политиките на ВМРО-ДПМНЕ повеќе наликуваат на социјал-демократски политики, отколку на десничарски политики, истакна во гостување на Клан Дебата уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

– Тоа што власта има 58 пратеници не ја прави силна, но новинарите се самоцензурираат, ај ќе ги пофалиме и така натака. Ние сме биле критичари на власта и кога бил Груевски и кога бил Зоран Заев, Инфомакс постои 13-14 години.

Ние сме биле и се уште сме десничари како уредувачка политика, а ВМРО-ДПМНЕ и политиките повеќе наликуваат на социјал-демократски политики, отколку на десничарска политика. Десничарство подразбира меритократија, мала и ефикасна влада, мали трошоци, намалуање на легислатива, намалување на интервенција на слободен пазар, концизна конкретна политика, ова врска нема со десничарска идеологија, истакна Митовски.

Пронајдете не на следниве мрежи: