Мицковски чисти се што не му се допаѓа, партијата тоне во изолација

Вечерва Мицковски чисти се што не му се допаѓа во партијата. Како што дознаваме ги исклучил Мијалков, Тодоров, Јанчев, Богданов и Богојески. Тоа е можно затоа што партијата има механизми кои секако не се постоечки во демократски партии. Органи кои што Мицковски ги поставил по свој избор, волја секако дека ќе гласаат како што ќе наложи тој.
Одамна се зборува дека партијата треба да го напушти авторитарниот начин на раководење воведен уште во времето на Георгиевски, а зацврснат во времето на Груевски. Но, сега веќе принципот на АВТОРИТАРНОСТ добива нова димензија – Мицковски. Имено, секој што не му се допаѓа тој буквално го исфрли.
Во меѓувреме партијата тоне во сериозна надворешна и внатрешна изолација. Како што беше соопштено Палмер не се ни сретна со Мицковски, со објаснување дека тој се си кажал во писмото што му го пратил. Ова е сериозен сигнал како понатака ќе се третира истиот. И тоа по оспоруваниот конгрес во Валандово минатата година кога странскиот фактор побрза да го поздрави наседнувањето на Мицковски на тронот. 
Според наши информации од партијата Мицковски неколку дена се подготвувал за пресметката. Прво било порачано медиумско експозе. Преку кое се најави судирот за да се подгрее членството и да се покаже кон виновникот за се што не му чини на Мицковски. Потоа вечерта воочи ЦК лично Мицковски се јавил во некои комитети во внатрешноста да си нарача фејсбук поддршка. Па така мистериозно вчера цел ден функционерите во некои комитети споделуваа статуси кои се гледаше дека им се лиферувани а тие само требало да го вметнат своето име.
Мошне е тешко да се оцени како ќе се однесува партијата понатака. Откако ќе се отрезнат од еуфорија се чини дека ќе имаат силна главоболка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.