Мицкоски го упецаа повторно. Овој пат во затворен дел од кафеана на „Боемска улица“
На инспекторите не им било дозволено да извршат увид во внатрешноста на кафеаната, каде што според уредбите е забрането да се послужува и да се примаат гости.
Порталот 360 степени објави дека дознале оти станува збор за Мицковски.
„Во 18:15 часот Инспекторатот беше спречен да изврши увид во еден угостителски објект, со образложение дека тој е од затворен тип и дека нема гости внатре. Колегите продолжија и во другите објекти со контрола, но се вратија во истиот објект со барање да им се отвори објектот за да се изврши надзор. По два часа успеавме да влеземе во објектот, но претходно имаше други дејствија односно излегоа луѓе од објектот. Нормално, инспекторите не може да вршат легитимирање, но препознаен е претседател на политичка партија“, рече Продановска од Државниот пазарен инспекторат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.