Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во денешната епизода на Тешки муабети го коментира Христијан Мицкоски кој вели дека овојпат нема да биде “шпицен” кандидат за премиер туку носител на листа.
– Негова грешка е што се занимава со политика, нека оди таму нека решава равенки математика со три непознати, со две… Ја не знам може ли повеќе, диференцијали нека решава…
Знае дека нема да победи па ќе биде носител на листа да биде пратеник, ко ќе го сменат да може да биде пратеник и да може да има некакво влијание во политиките и да му прави проблеми на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
А тој сигурно нема да биде претседател, јас да им кажам на неговите членови да си го сменат него и да се здружиме сите, и јас и Данела и сите и да видиме Таче уште колку ќе остане на власт.
Секоја локомотива има кочница, Мицкоски е кочницата, вели Јакимовски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.