Мицкоски ја искара ЕУ и побара да престане да седи со скрстени раце

Мицкоски ја искара ЕУ и побара да престане да седи со скрстени раце

Кристијан Мицковски во неговото гостување на ТВ Клан истакна дека барањата на Бугарија, во однос на македонскиот идентитет и јазик се нечовечки и неевропски. Мицковски ја повика ЕУ да не седи со скрстени раце во однос  на заканите и што побрзо да се отпочнат преговорите со Македонија и да се одржи меѓувладината конференција.

– Навистина не можам, а да не бидам лут на ваквите неевропски и нечовечки барања од страна на нашиот источен сосед. Секаде апелирам, еве и сега апелирам до нашите сојузници од ЕУ, и да побарам најитно да се отпочнат преговори со Македонија, да се одржи таа прва меѓувладина конференција. Затоа што  овие граѓани тоа го заслужуваат. Македонија тоа го заслужува, истакна Мицковски.

Тој наведе неколку факти зошто Македонија и македонскиот народ заслужуваат да бидат дел од Европската Унија.

–  За време на Втората светска војна заедно со сојузниците се боревме против фашизмот.  За време на комунизмот ја поразивме најлошата форма на комунизам. За време на Косовската криза,  Македонија беше домаќи на стотици илјади бегалци, кога Европа и останаите соседи ги затвораа вратите. За време на 2001 кога сите ни претскажуваа крвави настани, ние го зачувавме кревкиот мир и изградивме општество. Кога беше миигрантската криза, ние можеби сме мали, но сме вратата на Европа и ја зачувавме Европа и ја одбранивме и се уште ја браниме. Најмалку што ни должи Европа е веднаш без уцени како што се неевропските на нашиот источен сосед, да се отпочнат преговори и да се организира во декември, првата меѓувладина конференција, потенцираше Мицковски.

Во однос на владата на Зоран Заев, Мицковски посочи дека премиерот излажал кога одржа говор во Парламентот велејќи дека сега се затворени сите прашања и проблеми со соседите и доаѓаат подобри времиња, а по две ипол години гледаме дека излегуваат нови проблеми кои не би требало да ги има.

– Еве две ипол години потоа  гледаме дека имаме објективен проблем со нашшиот источен сосед околу некои теми за кои сите мислиме дека се заборавени и затворени и не би требало да бидат теми. Тоа што ме загрижува повеќе, е фактот што лично мене од високи бугарски политичари ми е кажано дека ова што денеска го бара нашиот источен сосед е практично ветено од Зоран Заев додека бил во опозиција, да стане премиер а потоа лесно ќе се договори за се, нагласи Мицковски.

Извор: Медиа.мк

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.