Мицкоски уште еднаш потврди дека нема ништо против Бугарите да влезат во Уставот

“Како ВМРО-ДПМНЕ, ниту јас лично, немавме, немаме, ниту ќе имаме против, оној мал дел од бугарскиот народ да се најде во Преамбулата”, потврди уште еднаш денеска, во гостување во Алфа телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека сите верзии вклучуваат уставни измени, да нема забуна во тоа и дека тој ќе биде најсреќен доколку се прифати било која од понудените од него верзии за уставни измени.

Мицкоски на лидерската средба дал два предлози до Ковачевски и владејачката коалиција:

-Првиот предлог кој го дадов е преодна влада без ДУИ, измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ. Вториот предлог е избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет, и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур. И измени од влада без ДУИ, поддржана од опозицијата, истакна тогаш Мицкоски.

ДУИ го прифати ваквиот предлог на Мицкоски со услов тие да излезат од коалиција во моментот кога ќе почнат да важат уставните измени. Премиерот Ковачевски на Муцкоски му го понуди дури и премиерското место во таа заедничка Влада.


Пронајдете не на следниве мрежи: