Мијте ги забите, да не го загубите мозокот

Губењето на забите, болни заби и неправилна орална хигиена доведуваат до постепено губење на помнењето.
Најнови истражувања велат дека промените во усната шуплина влијаат на помнењето кај луѓето, и тоа во негативна смисла. При секое поместување на вилицата  до мозокот стигнуваат значаен број на информации. Оние на кои им фалат заби стануваат на некој начин хендикепирани , бидејќи нивниот мозокот полека ја губи способноста да памети детали.
По 18 години долги анализа кај старата популација, докажано е дека оние кои имале поголем број на заби имале и подобро сеќавање на своето минато. Ова истражување е направено врз луѓе од 55 до 80 години.
Кога станува збор пак за вештачките забни инпланти, тие можат да ги вратат изгубените информации и нервните врски, сепак и понатаму деловите од мозокот задолжени за помнењето, ќе праќаат помал број на сигнали. Губењето на забите, болни заби и неправилна орална хигиена доведуваат до постепено губење на помнењето.

Пронајдете не на следниве мрежи: