Млад гостиварец не застанувал на знак од полицијата, подоцна од возилото фрлил автоматска пушка

20-годишник од Гостивар не застанувал на знак од полицијата, а од својот „мерцедес“ фрили оружје.

На 06.11.2024 во 23.50 часот кај место викано Здуњска крстосница, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Л.Ј.(20) од Гостивар. Претходно, тој во неколку наврати не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, а пред влезот на Гостивар од возилото „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, фрлил автоматска пушка со рамка во која имало два куршуми, која била пронајдена и одземена, информираа од полицијата.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Пронајдете не на следниве мрежи: