Изборот на име за дете е секогаш предизвикувачка, но и забавна задача за родителите додека чекаат нов член во семејството.
Меѓутоа, една млада мајка по име Амбир, на ТикТок откри дека не размислувала двапати кога избирала име за нејзиниот син Хенри Мајлс.
Иако „на прва“ неговото име звучи сосема нормално, она што предизвика жестока дебата на социјалните мрежи е фактот што мама Амбир го именувала својот син по кучето кое угинало непосредно пред раѓањето на нејзиниот син.
„Кучето го изгубивме само два дена пред неговото раѓање, па името го доби по него. Сигурна сум дека имаат иста душа“, напишала таа во описот на видеото кое за кратко време било прегледано повеќе од два милиони пати и предизвикало поделени мислења меѓу корисниците. И додека некои тврдат дека им се допаѓа идејата, други го имаат сосема спротивното мислење.
Како би постапиле вие на местото на Амбир?