Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) –во четвртокот навечер оцени дека кипарското решение на кризата би било „тешко“ применливо на другите европски земји.„Случајот на Кипар беше многу сложен и единствен. Би било тешко да се примени и на остатокот од Европа или во светот“, изјави портпаролот на ММФ, Гери Рајс,Под притисокот на заемодавачите од таканаречената „тројка“, Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската унија, Кипар во понеделникот се согласи на остро кастрење на неговиот банкарски сектор и оданочување на банкарските влогови поголеми од 100 илјади евра со кои треба да ги собере своите 5,8 милијарди евра, во замена за пакетот помош вреден 10 милијарди евра, со што најмалата земја членка на ЕУ ќе го избегне банкротот и можното напуштање на еврозоната.Портпаролот на ММФ, Рајс, исто така, изјави дека кипарската криза, меѓу другото, ја покажала неопходноста дека Европа треба да продолжи да напредува кон банкарската унија, којшто би подразбирала не само супервизор, туку и единствен механизам за демонтирање на банките кои се западнати во потешкотии.
МакфаксМеѓународниот монетарен фонд (ММФ) –во четвртокот навечер оцени дека кипарското решение на кризата би било &bdqu