Собранието донесе оддлука за поддршка на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Ние не додадовме нови барања до Скопје и сме подготвени да ја одобриме првата меѓувладина конференција веднаш штом нашите пријатели од Северна Македонија ќе го потпишат протоколот, како што разговараа и министрите за надворешни работи, напиша бугарското Министерство за надворешни работи на Твитер.
Народното собрание на Бугарија денеска го одобри францускиот предлог за Северна Македонија. За гласаа 170 пратеници, 37 беа против, а 21 воздржани.
-Бугарскиот парламент денеска донесе историска одлука со која се дава зелено светло на францускиот предлог за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, напиша премиерот на Бугарија во оставка Кирил Петков на Фејсбук.
Според усвоената одлука, Парламентот и дава право на Владата во оставка на Петков да ги одобри преговарачката рамка и заклучоците предложени од француското претседателство со Советот на ЕУ за решавање на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, ако се исполнети неколку услови.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.