Можат да бидат опасни: Овие 4 работи во домот треба да ги менувате секоја година

Работите кои обично ни се при рака дома, ги користиме секојдневно и мислиме дека немаат рок на траење. А тоа може да предизвика бројни здравствени проблеми.

Научниците истакнуваат дека во куќата има работи кои треба доста често да се менуваат, што многу луѓе не знаат.

Ленени крпи за во кујна
Научниците од Универзитетот во Аризона открија дека кујнските крпи може да содржат бактерии E. coli. Со текот на времето, миењето со обичен прашок станува недоволно, тие треба да се дезинфицираат. Затоа експертите советуваат кујнските крпи да се менуваат еднаш годишно.

Папучи
Сите ја прават истата грешка со папучите, не ги менуваат со години, дозволуваат да ги носат различни луѓе, излегуваат во нив на тераса, пред врата во ходникот… Ваквото однесување е нехигиенско и може да доведе до разни кожни болести како што се габите. Домашните чевли треба постојано да се перат и менуваат на секои шест месеци, бидејќи истрошените и „деформирани“ влечки ги расипуваат стапалата, особено кај децата.

Пластични садови
Пластичните садови во кои се чуваат остатоци од храна или житарки и тестенини треба да се фрлат по една година. Тоа е максималното време кога е безбедно да се користи овој инаку токсичен материјал. Кога се загрева во микробранова печка, пластиката ослободува токсични материи и станува штетна за здравјето.

Филтер за вода
Кога поставувате филтер за вода, важно е мајсторот да ве предупреди за неговиот работен век. „Влошките“ треба да се менуваат на секои шест месеци или најмногу еднаш годишно. Во спротивно, филтерот повеќе не функционира и се зголемува ризикот од заразување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.