Славниот актер Руперт Френд, се заљубил, во жената без нозе и му покажал на светот што значи безусловна љубов.
Една од најубавите холивудски приказни ја имаат актерот Руперт Френд и Ејми Малинс. Начинот на којшто се засакале е филмски, па не е ниту чудно што нивната приказна привлекува внимание во јавноста.
Нивната средба се случила благодарение на работата. Имено, тие во мај 2013 година се договориле за состанок поради идниот филмски проект на Руперт и се нашле во18 часот во Њујорк. Меѓу нив веднаш се родила љубовта, а првиот состанок поминал неочекувано.
„Во еден момент ни пријде келнерот и ни рече: Извинете, но ќе мора да ве замолам да си одите“, изјавила Ејми и додала: „Го погледнавме и го прашавме: Зошто? А, тој ни одговори: Затоа што веќе е 4 часот и 30 минути наутро и затворивме пред еден час. Немавме поим дека толку е часот.
Цела вечер не бевме свесни за ништо околу нас. Тоа беше прекрасен, возбудлив разговор меѓу два интензивно љубопитни ума на многу различни теми.
Меѓутоа, следниот ден ми испрати неколку пораки и инсистираше на тоа што побрзо да се најдеме и се договоривме да одиме на вечера во 18 часот, а истата траеше до 5 часот и 30 минути наутро. И така секој ден од 1 мај 2013 година“, открила Ејми.
Инаку, Ејми е родена без фибула, лисна коска во потколеното поради што ѝ ги ампутирале и двете нозе кога имала само една година. Докторот на нејзините родители им рекол дека нивната ќерка никогаш нема да оди ниту да живее самостојно.
Сепак, докторот се излажал затоа што не само што проодела туку станала и успешен спортист, а во 1996 година првпат се појавила на Параолимписките игри во Атланта. Професионалната спортистка кариерата ја завршила во 1998 година и започнала нова – манекенство. Нејзината личност и убавина го воодушевиле дизајнерот Александер Меквин.
Модниот генијалец сакал на пистата да прошетаат неконвенционални модели и ги шокирал присутните кога се појавила Ејми на неговата ревија за модната куќа „Givenchy“, со дрвени изрезбарени протези изработени посебно за таа прилика.
Набрзо потоа таа запловила и во актерските води, па го снимила првиот филм „Cremaster 3“ во 2002 година.
Љубовта како движечка сила
Парот се венчал една година по запознавањето, а Руперт ја запросил Ејми во мај, месецот кога првпат се сретнале.
Таа не сакала веренички прстен, но на неговиот татко Брендан не му се допаѓала идејата. Доколку нема прстен, нема веридба, бил неговиот услов. Иако таа се противела на тоа, паметниот Руперт го послушал нејзиниот татко и ѝ купил прстен на својата сакана.
„Мислам дека ќе бидеме скандалозни и ќе имаме мала венчавка затоа што се задушувам кога ќе помислам на планирањето на свадбата. И онака постојано се средуваме за црвениот тепих, така што не сакам никаков посебен фустан, торта или голема забава. За среќа, ни Руперт не го сака тоа“, изјавила Ејми по веридбата.
Тие ги одржале своите зборови и направиле навистина скромна венчавка. Освен младоженците, на церемонијата биле присутни кумовите, а еден од нив бил најдобриот пријател на Руперт.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.