Исклучително интересна сцена е снимена по триумфот на Новак Ѓоковиќ на стартот на Завршниот Мастерс во Торино.
Најдобриот светски тенисер го победи Дејн Холгер Рун со 2:1 во сетови 7:6(4), 6(1:7, 6:3, во првото коло од Зелената група на завршниот АТП турнир во Торино и со што ја обезбеди првата позиција на АТП листата на крајот од сезоната.
- Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември
- Водителката на временската прогноза симулираше оргазам пред камерите
- Сеул „открил знаци“ дека Пјонгјанг се подготвува да испрати повеќе војници и беспилотни летала во Русија
- Џеј Ло конечно проговори за разводот со Бен Афлек? „Сè се случи со причина“
- Филмско бегство на затвореници во Шпанија за време на мечот Барселона-Атлетико, се спуштиле со врзани чаршафи
Иако беше видно исцрпен по исцрпувачкиот меч кој траеше повеќе од три часа, Новак по победата остана долго на теренот за да им оддаде почит на бројните навивачи кои му дадоа голема поддршка од трибините.
Се дружеше со обожавателите, делеше сувенири и трпеливо потпишуваше автограми.
Во еден момент добил многу необично барање.
– Можеш ли да ми потпишеш на градите? – го праша Ѓоковиќ еден воодушевен тип.
– Дали си сигурен? – праша со насмевка изненадениот Новак.
Во тој момент навивачот го подигна дресот и му покажа на Србинот каде да потпише, а дебитантот му ја исполни желбата.
Погледнете ја оваа интересна сцена:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.