Молдавија бира претседател и дали сака да оди во ЕУ

Според молдавскиот закон, претседателските избори ќе бидат валидни доколку излезноста надмине 33,3 отсто. Истото важи и за референдумот за ЕУ.
Централната изборна комисија на Молдавија акредитирала 784 меѓународни и 1.277 домашни набљудувачи. Меѓу меѓународните набљудувачи нема претставник на Русија, ниту претставник на Меѓупарламентарното собрание на земјите-членки на Заедницата на независни држави.
Според законот, доколку ниту еден од кандидатите во првиот круг не обезбеди поддршка од повеќе од половина од гласачите, тогаш втор круг мора да се одржи две недели подоцна меѓу двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови. Во тој случај, вториот круг од изборите треба да се одржи на 3 ноември. За избран се смета кандидатот кој ќе добие најмногу гласови.

За функцијата шеф на државата се борат 11 кандидати: покрај актуелната претседателка Маја Санду, се и поранешниот јавен обвинител Александар Стојаногло, поранешните премиери Василиј Тарлев и Јон Кику, поранешната претседателка на Гагаузија Ирина Влах, поранешна министерка на внатрешни работи Андреј Настасе, поранешен министер за надворешни работи Тудор Уљановски, поранешен министер за млади и спорт Октавијан Цику, поранешна обвинителка Викторија Форчун, лидер на политичката сила Нашата партија Ренато Усати и новинарката Наталија Морар.
Кога станува збор за референдумот, жителите на земјата треба да одговорат на едно прашање: „Дали поддржувате промена на Уставот за Република Молдавија да влезе во Европската унија?
Избирачките места ќе се затворат во 21 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи: