Момче (2) си играло во дворот и исчезнало, телото му било пронајдено во соседно село: Трагедија во Словачка на Велигден

Полицијата во Словачка покрена истрага за смртта на двегодишното момче кое исчезна вчера, на Велигден, во родното село, а неговото тело беше пронајдено во соседното село.Малото момче си играло во дворот од куќата во Словенски Кљачани кога во доцните попладневни часови ненадејно исчезнало. Веднаш е започната потрага по детето, а некои мештани велат дека го забележале детето покрај реката.Во потрагата се вклучиле и пожарникари, кучиња трагачи и речиси сите мештани, но не успеале да го најдат детето.За жал, безживотното тело на момчето било пронајдено во поток во соседното село Вијеска. Тие веднаш го извлекле момчето од водата и се обиделе да го реанимираат, но безуспешно. Kaj детето е констатирана смрт веднаш по пристигнувањето во болница.Полицијата ги проверува сите детали за оваа трагедија.

Пронајдете не на следниве мрежи: