Потресната приказна на Линус, момче од Грција кое на 6-годишна возраст веќе имало 36 операции на главата, ја откри организацијата „Акт на љубовта“, до која родителите на детето апелирале за помош околу трошоците за вториот циклус на операции.
Како што изјавила неговата мајка Реа во видеото објавено на TikTok, тој е роден предвреме, по што бил префрлен во инкубатор. За жал, таму се заразил со бактерија, поради што добил менингитис.
Таа додаде дека магнетното поле на мозокот на Линус било целосно променето по болеста.
„Тие мораа да реагираат неврохируршки. Во првиот циклус на операции, се разбира, не бевме подготвени, но бидејќи беше прв циклус, успеавме да се справиме и со трошоците за операциите и со трошоците за рехабилитација на детето. Бевме принудени да го продадеме имотот и да се задолжиме“, продолжува мајката на Линос.
„Овој пат, за жал, парите ги снема премногу брзо. Со други зборови, не бевме подготвени за толку долга интервенција“, додава таа.
Три години по првиот циклус на операции, следеше овој.
„Линос е дете кое долго се бори и ни дава сила нам, односно на неговите родители“, објаснува мајката.
“Се надевам дека со сечија поддршка ќе успееме да постигнеме уште подобар резултат од порано. А и да си играме уште малку со пријателите”, вели мајката на момчето и однапред им се заблагодарува на сите што можат да помогнат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.