Момчето ja изневери по „стоти пат“, а таа одново му дава нова шанса

Тристан Томпсон и Клои Кардашијан повторно раскинаа, а веста пристигна откако тој беше фатен како влегува во соба со три девојки.
Клои Кардашијан и кошаркарот Тристан Томпсон повторно раскинаа, пренесуваат светските медиуми. Веста за нивното раскинување дојде откако Томпсон беше фатен од папараците како влегува во собата на вилата во Лос Анџелес со три девојки минатиот викенд. Иако нивните пријатели тврдат дека двојката раскинала пред неколку недели, минатиот четврток тие лесно позираа заедно со нивната ќерка Тру и се чинеше дека нивната љубов како да продолжува да цвета.


„Одлично се согласуваат и нема драма. Сè е отворено, но тие сè уште го имаат истото мислење за нивната ќерка Тру и планираат да ја одгледаат заедно“, рекол нивниот пријател за PageSix.
Тристан минатиот викенд исчезна во соба со три девојки на приватна забава на „Бел Еар“, а од таму замина половина по час подоцна. Пред приватната забава, кошаркарот беше со пријателите во еден клуб каде пиеше скапи пијалоци, а очевидците изјавија дека тој допирал мистериозна жена и разменувал нежности со неа.
Клои сè уште нема коментирано ништо, но се чини дека жали што неодамна му даде уште една шанса. Да потсетиме, Тристан ја изневери Клои дури и за време на бременоста. Кошаркарот беше виден со неколку мистериозни жени во интимно дружење, а во февруари 2019 година беше фатен како се бакнува со Џордин Вудс, најдобрата пријателка на сестрата на Клои, Кајли Џенер. Набргу потоа, тие раскинаа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.