Моника Белучи со години ја носи титулата за една од најубавите жени на планетата.
Иако има 53 години и не почитува пластична хирургија, италијанската актерка изгледа како божица и со секое појавување во јавност го одзема здивот.
Модниот двоец „Долче и Габана“ ја ангажираше повторно за своја колекција, овој пат на ревија во Милано, а нејзините фотографии ги преплавија светските медиуми.
Моника на ревијата се појави во долг црн фустан со точки кој ги нагласи нејзините облини,но сепак брчките на лицето ги издадоа нејзините години.