Врската на Моника Белучи и Николас Лефевре станува сè посилна.
54-годишната актерка и 36-годишниот артист беа фотографирани за време на лежерна прошетка во Париз.
Парот си разменуваше нежности и бакнежи додека уживаше во Градот на светлината и љубовта.
Светот дозна за љубовта на Белучи и Лефевре во декември минатата година преку папараци фотографии.
Моника е една од најубавите жени во светот, па за ова момче излегоа бројни негативни коментари, дел од нив дури и навредливи. Пишуваат луѓето дека изгледа како скитник.