Морничава глетка: Моторот му заврши на каблите за струја, момчето го заврши животот

Мотоциклистот М.М. загина во стравична сообраќајна несреќа во близина на Богатиќ во Србија откако изгубил контрола над “Јамахата“ и излета од патот, пренесоа српските медиуми. Како што наведуваат тие телото на несреќното момче , кое починало на лице место, е најдено 50 метри подалеку од местото на несреќата.

Од силата на ударот, моторот наводно, одлетал во воздух и се закачил на каблите за електрична енергија.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.