„Целта, сигурен сум, е единствена – да се внесе раздор во нашите односи со Србија. Но, нашиот пристап е фер и отворен. Не ни треба да се криеме зад ‘преседанот’“, рече Боцан-Харченко во авторски текст во Политика.
Според него, ако се прочитаат изјавите на претседателот на Русија – Владимир Путин, и министерот за надворешни работи – Сергеј Лавров, се разбира дека државниот врв „пред сè ја става заштитата на националните интереси на Русија обезбедувајќи ја безбедноста на татковината и строго го следи меѓународното право во своите постапки“.
Во контекст на решавањето на косовското прашање, пишува Харченко, тие тргнуваат од истата премиса и позицијата на Русија, истакна, е непроменлива – дека треба да се бара правично решение во дијалогот меѓу Белград и Приштина, во меѓународни рамки дефинирани во Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.
„Косовскиот преседан, заразен пример на самопрогласената ‘независност’, секако е факт. Се сеќавам дека по решавањето на косовското прашање, нашите поранешни западни партнери, пред сè САД, побараа колективно да се утврди, и покрај логиката на реалниот живот, дека Косово е ‘уникатен случај’, а во духот на нивниот корумпиран концепт на ‘поредок, заснован на правила’. На правилата кои произволно ги одредува Западот“, оцени рускиот амбасадор во Србијa
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.