Александар Свијаш е руски психолог кој стана познат благодарение на книгите кои ги напиша како водич за совладување на основните вештини на живеење и односи со луѓето. Свијаш е автор на 16 книги објавени во над 10 милиони примероци.
Меѓу најпознатите негови книги се „How do intelligent people create an insane world“, „Money inside you. Remove money barrier“ и други.
Конфликтите и начините за решавање на истите се честа тема во книгите на овој автор. Така, во една од нив тој понуди метода за која тврди дека може да помогне избегнување на караница во скоро секоја ситуација.
Методот се состои од два чекора, ако некој сака да се скара со вас тоа значи дека му е потребно нешто од вас. Нападот е често наш потсвесен начин да прикриеме подлабока причина за незадоволство. Затоа секогаш прво запрашајте се за што всушност се работи, што очекува некој од вас во одредена ситуација.
Во прашање може да биде недостаток на самопочитување, почитување, доверба, љубов, страв од нешто, внимание и слично.
Клучот е во тоа да не одговарате на провокацијата. Дајте сè од себе да се однесувате нормално и јасно да ставите до знаење дека не сакате да се карате. Од друга страна, многу е важно за својата смиреност да не очекувате некоја посебна благодарност од личноста која се обидела да започне конфликт. Нека ви биде доволно тоа што на мирен начин сте го добиле тоа што ви треба, вам – мир, на личноста – позитивни вибрации.
Имајте на ум дека оваа метода никако не се однесува на случаи на насилство и малтретирање во семејството/врската.