Мразот на Антарктикот се топи десет пати побрзо отколку што се мислеше

Мразот на Антарктикот се топи преку летото десет пати побрзо отколку што се мислеше и десет пати побрзо отколку пред 600 години, а губењето на замрзнатата маса е најголемо во последните 50 годни, се истакнува во меѓународната студија во која учествувале лабораториите во Гренобл и Монпеље.

 Истражувачите дупчеле во мразот до длабочина од 364 метри на острово Џејмс Рос на северот на антарктичката капа за да ги измерат температурите кои владееле пред повеќе стотици години. Наталожените слоеви во примероците земени со дупчењето покажуваат дека мразот се топел и повторно смрзнувал.
„Заклучивме дека најстудените услови се на антарктичкиот полуостров и најмалото количество истопен мраз преовладувало пред 600 години”, вели Нерил Абрам од British Antarctic Survey од британскиот универзитет Кембриџ.
„Во тоа време температурите биле за околу 1,6 Целзиусови степени пониски од температурите забележани кон крајот на XX век, а количеството нов снег којшто секоја година се топел и потоа повторно замрзнувал изнесувало 0,5 отсто. Денес количеството нов снег кое секоја година се топи е десет пати повеќе”, смета Абрам.
Температурите постепено се зголемувале последните неколку стотини години, меѓутоа топењето забрзало околу половината на XX век. Тоа значи дека затоплувањето на Антарктикот достигнало такво ниво што дури и малиот раст на температурата може да предизвика многу побрзо топење на мразот.
Макфакс
Мразот на Антарктикот се топи преку летото десет пати побрзо отколку што се мислеше и десет пати побрзо отколку пред 6

Пронајдете не на следниве мрежи: