МРАЧЕН СТАТУС НА ФЕЈСБУК ОД ДИСКОТО НА СМРТТА: Објави 4 збора, па ја пронајдоа мртва заедно со 244 други – оваа грешка чинеше многу животи

Серијата на Нетфликс „Бескрајна ноќ“, која се базира на вистински приказни и ги следи семејствата на жртвите од пожарот во клубот Kiss во Санта Марија, Бразил, фрли ново светло на оваа трагедија, за која и 10 години подоцна, НИКОЈ НЕ Е повикан на одговорност.

Имено, на 26 јануари 2013 година, студенти од шест универзитети направија забава во овој клуб, што заврши како втора најголема несреќа ОД ПОЖАР во Бразил, во која животот го загубија 245 лица, а 630 лица беа повредени.

МРАЧЕН СТАТУС НА ФЕЈСБУК ОД ДИСКОТО НА СМРТТА: Објави 4 збора, па ја пронајдоа мртва заедно со 244 други – оваа грешка чинеше многу животи

Некаде околу 2 часот по полноќ настанал пожар кој го подметнал пејачот на бендот кој настапувал, со пиротехнички средства кои ги користел за време на настапот, а за ширење на пожарот придонела запалливата пена која го наполнила таванот на клубот брзо и одземајќи ги животите на млади луѓе, претежно од 18 до 30 години.

За големината на трагедијата придонесе и тоа што клубот беше исполнет со повеќе луѓе од дозволеното, како и немањето знаци за излез и излези за итни случаи.

Исто така, серијата го актуелизира сведочењето на некои од преживеаните дека организаторите на забавата извесно време не дозволувале луѓето да го напуштат клубот, несвесни за опасноста, бидејќи не сакале луѓето да си заминат без да си ги платат сметките. Информациите дека вратата на клубот е заклучена ја потврдија и официјални лица од истрагата.

По несреќата уапсени се двајца косопственици на клубот, како и двајца членови на бендот. Еден од косопствениците на клубот се обидел да се самоубие во болница.

Сепак, серијата ја расветлува борбата на родителите на жртвите кои се потрудиле одговорноста да падне и врз политичарите, т.е. до управата и инспекциите кои го одобрија работењето на овој клуб и покрај многубројните недостатоци кои ги загрозија и на крајот ги чинеа животите на многу млади луѓе кои се најдоа во него во таа кобна сабота.

Резимето е дека сопствениците и музичарите беа осудени на затворски казни ДУРИ на 10 декември 2021 година – односно 8 години по пожарот. Но, бидејќи пресудата беше укината следната година, поради неправилности, тие сè уште не ги започнаа своите казни од 22, 19 и 18 години затвор, а судењето ќе се повтори. Така, 10 години по трагедијата, се уште никој не одговорил.

Инцидентот во клубот „КИСС“ резултирал со масовни контроли на клубовите низ Бразил, а се дознава дека само во Сао Паоло е утврдено дека 60 отсто од клубовите не ги исполнуваат безбедносните услови.

Страшни судбини

Една од жртвите Микеле Кардосо (20) во моментите кога избувнал пожарот побарала помош на Фејсбук. Оваа студентка по медицина објави статус на Фејсбук кој ја замрзнува крвта знаејќи што се случува во клубот во тој момент.

„КИСС Е ВО ПЛАМЕН, помош“ – гласеше пораката, а иако следбениците се вознемирија и ја прашаа што се случува, одговор немаше.

Инаку, голем дел од жртвите се пронајдени во тоалетите, а истражителите веруваат дека во паника ги помешале ОЗНАКИТЕ што водат до тоалетите со ОНИЕ што водиат кон излезот од клубот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.