Мрачна прогноза на СЗО: Коронавирусот веројатно доаѓа повторно по крајот на летото?

Коронавирусот повторно ќе се појави кога ќе заврши летото, речиси се сигурни експертите за заразни болести, но не знаат колку ќе биде сериозна ситуацијата.
Светската здравствена организација понудила мрачна хипотеза за тоа како во наредните неколку месеци би можел да изгледа коронавирусот.
Додека уште живееме во време на првиот бран на пандемијата, а случаите и натаму растат, инфекцијата би можела нагло и значајно да порасне било кога, пренесува “CNN”.

“Можеби ќе дојде до втор бран на овој начин”, рекол Марк Рајан, извршниот директор на СЗО во понеделникот.
Новиот пик на зараза би значел и голем скок во бројот на случаи кои би можеле повторно да ги оптоварат здравствените системи и евентуално да предизвикаат поголем број на смртни случаи.
Вториот пик би можел дури да биде и полош од првиот, а дали на есен ќе дојде до пораст на случаите ќе зависи од тоа што правиме сега.
Во сценариото за втор пик, случаите на коронавирус би се појавиле остро и брзо се додека не достигнат нов максимум.
Во вториот бран, инфекциите би можеле постепено да се развиваат и да погодат различни региони во светото во различно време.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.