Мрачната тајна за бадемовото млеко: Добро размислете пред да го пиете

Производството на бадеми влијае врз опстанокот на пчелите, па оние кои пијат бадемово млеко поради интолеранција на лактоза, треба да размислат за тоа.
Мрачната тајна за бадемовото млеко: Добро размислете пред да го пиете
Понекогаш се чини дека Интернетот постои само за да нè натера да почувствуваме вина бидејќи уживаме во работите што ни носат радост во нашите животи! За бадемовото млеко, кое некои го пијат како замена за животинското млеко, а други за да стават крај на нехуманите потези на големите компании и фармите, можете да најдете безброј информации на Интернет, меѓу кои има и такви кои воопшто не поддржуваат негова употреба.
Бадемите се виновни за поморот на пчелите


Според стручните лица кои ја истражуваат областа, индустријата за производство на бадеми, која доживеа голем бум во последните години, би можела да биде одговорна за уништувањето на милиони пчели. Тоа е така зашто луѓето повеќе не сакаат да консумираат мед како порано, но сакаат бадеми, особено млеко од бадеми, кое стана многу баран производ.
Имајќи го ова предвид, професионалните пчелари сè помалку се фокусираат на производството на мед и областите што се користат за пасење на пчелите почнуваат да се насадуваат со бадемови дрвја.
Како резултат на тоа, пчелите имаат помал допир со еколошки и нетретирани растенија, што доведува до нивен помор. На полињата каде што има претежно бадеми, тие се хранат како луѓе во студентски дом: постојано со истата храна, без да внесуваат други витамини и корисни состојки. Поради ова, многу пчели умираат на плантажите насадени со бадеми.


Бадемите трошат многу вода
Има уште најмалку десетина причини зошто треба да се чувствувате виновни за пиењето бадемово млеко. Само на едно бадемово дрво му требаат околу 5 литри вода за да расте. Ако земеме предвид дека значителен дел од бадемите што ги троши светот доаѓаат од американската држава Калифорнија, која се бори со недостиг на вода, со садењето бадеми на огромни површини, земјоделците ѝ предизвикуваат големи штети на животната средина и го сушат земјиштето.
Ова предизвикува земјоделците да копаат сè подлабоко во земјата во потрага по вода и да ги пресушуваат изворите за да не ги остават полињата без вода. Денес, плантажите со бадеми се трансформираат во обработливи површини, иако се предвидувало тие да останат недопрени за да се зачува водата.
Зголемена употреба на пестициди
Исто така, постои зголемена употреба и потрошувачка на пестициди. Во Калифорнија се користат дури 9 видови пестициди кои имаат негативни ефекти врз здравјето на луѓето и природата. Едниот од нив е дури и канцероген, додека другите се штетни за пчелите.
Како да го избегнете бадемовото млеко?
Ако го пиете поради интолеранција кон кравјо млеко, можеби е подобро да почнете да консумирате козјо или овчо млеко наместо бадемово, бидејќи и овие млека се лесно сварливи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.