Му се суди за тероризам на синот на Жан Митрев

Му се суди за тероризам на синот на Жан Митрев

Во ноември минатата година германската полиција уапси три лица на возраст од 24, 22 и 21 година. Двајца од групата се од Турција додека Филан е од Македонија. Тој е син на Жан Митрев од првиот брак. Германскиот медиум Франкфуртер Рундшау го следи судењето кое неодамна започна.

Обвинителството од Франкфурт, ги товари Филан Митрев и двајца турски државјани за напад со домашно направени бомби, за кои веќе имале набавено експлозив. Нападот требало да биде изведен како поддршка на ИСИС. И да се направеле што е можно повеќе цивилни жртви.

Филан Митрев е обвинет за сериозен чин на насилство што ја загрозува државата, за кршење на Законот за воено оружје и за напад. Тој сега има 25-години и е обвинет исто така и за подготовка на самоубиствен напад кој планирал да го изврши врз паб во Заксенхаузен.

Пред неколку години Филан ја променил својата вера и преминал во ислам. Сега е опишан како радикален исламист припадник на салафисти-џихадисти.

Митрев, според информациите се обидувал да му помогне на синот. Но тоа не вродило со плод. Помалиот Митрев веќе одлежал затворска казна за друго дело и тоа од две години.

Во меѓувреме станал зависен и од дрога…

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.