Го следам Артан Груби во Косовската телевизија “РТВ Дукаѓини” како им објаснува на Косоварите дека Македонците (како етникум) имаат страв од Бугарите, од Грците, од Албанцие итн од можни територијални поделби и генерално ги претставува македонците како фобична нација, триумфалистички го покажува тоа дека клучните позиции им се земени на Македонците но не и калот и лошата инфраструктура по албанските населени места, дека на него шеф му е Али Ахмети, а не Димитар Ковачевски и многу други шовинистички муабети (нешта што не одат ниту во прилог на албанците ниту во прилог на македонците а на штета на сите).
Значи заменик премиерот на Македонија (за него северна) за Македонците збори како да му се непријатели а не сограѓани.
Во вакви моменти Премиерот треба да излезе и да даде оставка бидејки кога твојот заменик така се претставува треба да му биде срам а не привилегија дека е Премиер.
Македонија и официјално нема Премиер односно има “Британска Кралица” Премиер а де факто премиер е Артан Груби.
(фејсбук статус на Умејр Муамеди)
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.