Музеите и археолошките локалитети во Грција ќе бидат затворени за јавноста до 19-ти март поради штрајкот на вработените во знак на протест против реформата на структурата на министерството за култура и губењето на работните места, јави во средата електронското издание на весникот Kathimerini.
Синдикатите сметаат дека новата организациска структура на грчкото министерство за култура е против неговата самостојност. Покрај тоа, синдикатите тврдат дека во тек е разгледување и на план за можна приватизација на музеите. Претходно, Здружението на грчките археолози соопшти дека како резултат на реформите се укинуваат многу значајни институции, како што е Генералниот секретаријат за култура, а други одделенија на археолошката служба се обединуваа на „неприфатлив начин”.
Претходно, музејскиот персонал во Грција штрајкуваше од 8-ми до 11-ти март. Сега, на генералното собрание на синдикатите беше донесена одлука да се штрајкува цела седмица – до 19 март. Притоа, секое утро ќе се одржува состанок на кој учесниците во штрајкот ќе дискутираат за текот на протестот.
Претходно, претставници на туристичките здруженија ја критикуваа одлуката за штрајк во музеите, бидејќи туристите ќе останеле без можност да ги видат грчките споменици на културата и да се запознаат со историјата на земјата којашто ја „посетуваат можеби единствен пат во животот”. Годишно во Грција се регистрираат повеќе од 14 милиони странски гости. Според државното статистичко биро Elstat, за првите девет месеци од минатата 2012 година, музеите и археолошките локалитети ги посетиле 7,93 милиони луѓе, а приходите од продажба на влезниците на земјата и' донеле приход од 34,4 милиони евра.
Макфакс
Музеите и археолошките локалитети во Грција ќе бидат затворени за јавноста до 19-ти март порад