Португалскиот 61-годишен фудбалски стручњак Жозе Мурињо ги потврди преговорите со турскиот гигант Фенербахче/
„Сакам да заминам во Фенербахче, но тоа сѐ уште не е готово, не можам да потврдам официјално. Знаете дека сакам предизвици, па ако заминам, ќе се бориме за Лигата на шампионите“, изјави Мурињо за Sky Sports.
Преговорите ги потврди и клубот од Истанбул.
„Започнаа преговорите со Жозе Марио Дош Сантош Мурињу Феликс за тренерската позиција“, се вели во соопштението на клубот на Платформата за јавно обелоденување (KAP).
Мурињо, кој има освоено трофеи со европски великани како Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, ќе има задача да му помогне на Фенербахче да ја освои првата шампионска титула од сезоната 2013/2014.
Мурињо беше шампион на Европа со Порто и со Интер, на клупата на Манчестер Јунајтед ја освои Лигата на Европа, а со Рома – Конференциската лига. Ги освои националните првенства во Португалија, Англија, Италија и Шпанија.
Минатата сезона Фенербахче во турското шампионат заврши на второто место зад Галатасарај.