Мухамед Зекири позитивен на коронавирус

Потпрестедателот на СДСМ Мухамед Зекири е позитивен на коронавирусот. Информацијата ја објави на неговиот Фејсбук профил. Зекири информира дека позитивни на коронавирус се и неговата сопруга како и неговото тримесечно бебе.
И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка резултираме позитивни на тестирањето за КОВИД 19.
За среќа јас немам никаков симптом но резултирав позитивен. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате.
Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција, напиша Зекири.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.