На 45 години ќе ја изгуби невиноста: Роден бил без пенис, го криел тоа од најблиските, а сега му се радува на првиот сексуален однос

Британскиот угостител Ендру Вардл (44) се родил со ретко пореметување со кое мочниот меурот и уринарниот тракт се развиваат надвор од телото. Од овој проблем заболува еден на 30 милиони мажи. Докторите ги вратиле мочниот меур и уринарниот тракт во телото, но никогаш не му пораснал пенис, додека тестисите му пораснале.
Токму сега му ја завршуваат реконструкцијата на функционалниот полов орган со фалопластика. За ова се подготвувал неколку години и бил на неколку операции. Цената на бионскиот пенис изнесува околу 56.000 евра, но сето тоа го плаќа здравственото осигурвање.


Последниот стадиум од зафатот е токму во тек. Има еден мал проблем, реконструираниот пенис ќе му биде во ерекција десет дена. После тоа за прв пат ќе може да води љубов. До тој посебен ден мора да причека уште шест недели откако докторите ќе му ја укинат ерекцијата.
“Многу сум возбуден. Поминав 44 години без пенис и се помирив со фактот дека никогаш нема да водам љубов. Ќе ми биде потребно малку време да се прилагодам. Тоа ќе ми овозможи да се чувствувам, како дел од друштвото”.


Поради својата состојба се обидел и да се самоубие, а го спасиле во последен момент. Тој криел дека нема пенис и од најблиските пријатели, но и од девојките со кој бил во врска. Тврди дека спиел со стотина жени, а секогаш измислувал причини за да одбегне сексуален однос, како на пример дека бил дрогиран или дека не го возбудува некоја девојка.
“Една девојка ми удри шлаканица кога ѝ ја признав мојата состојба. Беше бесна”, рекол тој.
“Сега сум половина човек половина робот. Сега можам да имам ерекција и кога сум пијан”, се пошегува Ендру.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.