На аукција продадени три стана на Мијалков на Водно

Три стана на Водно и гаража кои припаѓаа на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беа продадени на аукција што ја споведе Агенцијата за управување со одземен имот.

Да не беше Америка, Украина немаше да постои, вели новиот прв човек на НАТО, Марк Руте
Украина не би постоела како земја без поддршката на САД, изјави новиот генерален секретар на НАТО и поранешен долгогодишен холандски премиер, Марк Руте. На прес-конференцијата во Брисел тој …
ИРАН ПРВ ПАТ ГО КОРИСТИ „ОСВЕТНИКОТ“: Ова е суперсонична ракета која удри во израелските градови – ПОЖАРОТ ја крена Белата куќа на нозе
Нов тип хиперсонична ракета за прв пат е употребена во вечерашниот напад врз Израел, соопшти иранската Револуционерна гарда. Во соопштението, корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), исто така, …

Директорот на агенцијата, Дритон Небиу, објасни дека се работи за недвижнини кои со правосилна судска пресуда беа одземени од Сашо Мијалков. Поточно, на денешното наддавање, продадени беа три стана на Водно, од кои еден од 78 метри квадратни, два од 73 и гаража од 30 метри квадратни.

„За недвижнините имаше наддавање и заврши успешно. Согласно постигнатите вредности, во државниот буџет ќе бидат уплатени парични средства кои беа одземени од граѓаните и ќе бидат повратени во вкупна вредност од 332.276 евра“, рече Небиу.

За истиот предмет наредната недела ќе биде спроведено уште едно јавно наддавање, најави тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.