На граничните премини “Богородица“ кон Грција и на “Табановце“ кон Србија за излез од државава се чека од 15 до 30 минути, соопштуваат од АМСМ.
-Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Бележиме зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица и ГП Табановце, каде времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути, стои во соопштението од АМСМ.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.