На Боки 13 му се одземени огромни количини облека, обувки и уметнички дела

Луксузна гардероба спакувана во 71 вреќа, луксузни предмети, умeтнички дела. Обвинителството цел ден презентираше во судница што се одзело при претресот на домот на  Бојан Јовановски. Повеќе од 120 пара чевли, над 60 капути и јакни, 77 панталони, 63 маици, и 88 пара наочари, е дел од одземената гардероба.
Како што беше известено запленет му е дури и луксузен мебел од марката Зебрано. За се што е запленето Боки 13 бараше да има презентација пред судот. Ова беше одбиено од судот. Додека пак обвинителката Русковска не знаеше колкава е вредноста на робата.
Се за Боки 13 и РЕКЕТ прочитајте ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.