На Брезовица, по четиричасовна потрага спасен германски турист

Како што јави дописникот на МИА од Приштина вчера во околината на месноста и скијачкиот центар Брезовица на косовската страна од Шар Планина се загубил германски турист. Тој излегол да скија, но заради густата магла заскитал. По четиричасовна потрага туристот идентификуван како Патрик бил пронајден синоќа околу 21:00 часот од спасувачките екипи.
Како што јавија косовските медиуми германскиот турист се загубил вчера доцна попладне. Додека скијал на еден од планинските врвови одеднаш паднала густа магла. За среќа во мобилниот телефон случајно го зачувал бројот на една пицерија во близина на скијачкиот центар, се јавил по што започнала потрагата.
Информацијата на спасувачите е дека туристот физички се чувствува добро, освен што бил потресен од настанот, но го продолжува одморот во Брезовица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.