На дел од бул. „Партизански одреди“ привремен сообраќаен режим

На дел од булеварот „Партизански одреди“ во Скопје денеска ќе биде воведен привремен сообраќаен режим поради изведување градежни работи.
Како што соопшти Град Скопје, поради нанесување завршен асфалтен слој на дел од трасата на булеварот „Партизански одреди“ од мостот „Обединети Нации“ до ул. „Московска“, целосно за сообраќај ќе биде затворен делот од булеварот од кружниот тек кај Порта Влае до крстосницата со улицата „Московска“ (кај ТЦ „Сити мол“), во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар. По трасата во спротивниот правец сообраќајот ќе се одвива непречено.
– Времениот режим ќе се реализира доколку тоа го дозволат временските услови за извршување на асфалтирањето, а ќе биде во сила до завршување на градежните активности, се вели во соопштението од Град Скопје.
За време на привремениот режим, автобусите на ЈСП „Скопје“ што сообраќаат по овој дел од булеварот „Партизански одреди“ ќе се пренасочат преку улицата „Адолф Циборовски“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, а ќе се вратат на нормалната траса преку улицата „Московска“.
Асфалтирањето се врши во рамки на проектот за реконструкцијата на коловозот на дел од булеварот „Партизански одреди“, на потегот од крстосницата со булеварот „8 Септември“ до мостот „Обединети нации“, на должина од два километри.
Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Ги повикуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.