Нема човек што не се сеќава на српскиот премиер Зоран Џинџиќ кој беше брутално убиен на 12 март 2003.
Денеска на неговото вечно почивалиште беше неговата сопруга Ружица и синот Лука Џинџиќ, додека присутни беа и членови на потесното семејство и пријатели.
Очигледно во семејството на премиерот по неговото убиство наместо да ја замразат политиката тие ја засакале уште повеќе.
Доказ за тоа е неговата ќерка која тргна по неговите стапки и денес се занимава со политика.
Таа е вработена во владата во секторот за социјално работи и намалување на сиромаштијата, на позицијата координатор за родова рамноправност и човечки права.
Иако денес далеку од очите на јавноста, таа на јавноста и е позната уште од 1993-та година кога како младо девојче се појавува во спот за кампањата на нејзиниот татко.