На Заев му е сеедно кое ќе биде новото име на државата

Премиерот Зоран Заев во интервју за Би-Би-Си прашува „кому му е гајле како ќе биде новото име на државата“. Дали ќе се викаме Северна или Јужна Македонија, по зборовите на премиерот тоа е небитно.
Заев вели дека официјалното име на државата ќе биде Република Северна Македонија. Тој потенцира дека ќе испрати и писмо до сите држави на ОН со кое тој ќе побара истите да нè признаат под новото име.

– Кому му е гајле потоа знаете, дали некој ќе не викаат Северна Македонија или Јужна Македонија, официјално ние ќе бидеме Северна Македонија. Се што ќе биде државно ќе биде ословувано со новото име. И тоа е дел од договорот и ќе го исполниме, заклучува Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.