Зоран Милески или познат како Зоки Кичеец од вчера попладне е пациент на Кардиологија, дознава “24 инфо“. Кичеец е сместен во еден од апартманите на Клиниката, а друштво му прават неколкумина припадници на МВР.
-Полиција вечерва имаше и на влезот на Клиниката за кардиологијано и низ целиот Клинички центар “Мајка Тереза“. Неофицијално, на Кичеец вчера му се слошило, по што бил пренесен од истражниот затвор Шутка на Клиниката за кардиологија, пренесува телевизијата.