Четири деца во Какањ се повредени кога рингишпил полн со деца излетал од предвидената рута на движење, а корпите со децата се закачиле за дрво, соопштија властите во Босна и Херцеговина. За среќа, децата не се здобиле со тешки телесни повреди, пренесе “Клих“.
Полициските сужбеници извршиле увид на местото на настанот, а за случајот бил известен дежурниот обвинител.